Обвинението против осомничениот за убиството на Шинзо Абе

Сподели со своите пријатели

Јапонското обвинителство одлучи да го обвини осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, објави денеска јапонската новинска агенција Кјодо.

Loading...

Обвинителството до оваа одлука дошло по психијатриско вештачење на осомничениот Тецуја Јамагами, кому претходно му беше одреден притвор до 10 јануари, а според Ројтерс, обвинението против него најверојатно ќе биде поднесено до 13 јануари.

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше убиен во јуни годинава за време на говор во градот Нара за време на изборната кампања, кога беше застрелан со рачно изработен пиштол, а осомничениот Јамагами беше уапсен на местото на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета