Објавени официјалните резултати од изборите во Русија. Нема изненадувања!

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Централната изборна комисија на Русија, Ела Памфилова денеска на посебна седница ги објави официјалните резултати од претседателските избори во Русија одржани од 15 до 17 март, според кои Владимир Путин освоил 87,28 отсто од гласовите.

Loading...

Николај Харитонов освоил 4,31 отсто, Владислав Даванков 3,85 отсто, а Леонид Слуцки 3,20 отсто од гласовите, пренесува РИА Новости.

За Путин гласале 76.277.708 гласачи.

Излезноста на изборите за претседател на Русија е рекордна во модерната историја и изнесува 77,49 отсто, односно на избори излегле 87.576.075 гласачи.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска, откако Централната изборна комисија ги објави официјалните резултати од претседателските избори, дека поддршката на граѓаните му е поважна од победата и вети дека ќе направи се за да ја оправда нивната доверба.

„Минатата кампања беше интензивна и крајно одговорна, бидејќи ние главно го избравме патот по кој ќе оди Русија, избирајќи ја иднината за себе и за своите деца. А важноста на овој настан беше разбрана од огромното мнозинство гласачи кои излегоа на гласање “, рече рускиот претседател во обраќањето до граѓаните, пренесува РИА Новости.

Да потсетиме, Путин во неделата прогласи победа на изборите и во таа прилика рече дека постојат услови за „понатамошен развој за Русија да биде посилна, посилна и поефикасна“. Повеќе за тоа во посебен текст.