Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одлука за воведување реципрочна тарифна политика кон сите земји во светот, со што се најавува крај на, како што вели, „експлоатацијата на Америка“ во меѓународната трговија.
Белата куќа објави низа податоци за економската нерамнотежа по тој повод, нагласувајќи дека новиот план ќе обезбеди фер услови и ќе ги заштити американските работници.
– Заврши времето кога Америка беше во загуба. Овој план ќе ги стави американските работници на прво место, ќе го намали трговскиот дефицит и ќе ја зајакне нашата економска и национална безбедност“, рече Трамп.
Тој тврди дека американските трговски партнери не му нудат ист третман на Вашингтон, наведувајќи го примерот на Бразил, кој го оданочува американскиот етанол со 18 отсто, додека САД наплаќаат само 2,5 отсто за бразилскиот етанол.
Тој укажа и на нееднаквите трговски односи со Европската унија, која извезува школки во САД без ограничувања, а во исто време го блокира увозот на школки од 48 американски држави.
Трамп верува дека овој недостаток на реципроцитет придонесува за постојаниот трговски дефицит на САД, кој надмина 1 трилион долари во 2024 година.
– Реципрочните царини ќе ја вратат правичноста и просперитетот на глобалниот трговски систем и ќе спречат понатамошна експлоатација на Американците – заклучи Трамп.
Реципрочниот тарифен план на Доналд Трамп
– Воведување на реципрочни тарифи – САД ќе ги применуваат истите царински стапки што другите земји ги наметнуваат на американските производи за да воспостават фер трговија.
– Заштита на американските работници и индустрија – Планот има за цел да ја подобри конкурентноста на американската индустрија и да го намали трговскиот дефицит.
– Корекција на трговската нерамнотежа – Трамп посочува дека многу земји наплаќаат високи царини за американските производи, додека САД имаат значително пониски царини.
Примери на трговски нерамнотежи:
Етанол: САД наплаќаат тарифи од 2,5%, додека Бразил наплаќа 18%, што доведува до трговски дисбаланс.
Школки: ЕУ слободно извезува школки во САД, а во исто време забранува увоз на школки од 48 американски држави.
Автомобили: ЕУ наплатува царина од 10% за американските автомобили, додека САД наплаќаат само 2,5%.
Намалување на трговскиот дефицит – САД имаат трговски дефицит на стоки од 1975 година, кој надмина еден трилион долари во 2024 година. Планот предвидува реципрочни тарифи за намалување на овој дефицит.
Зајакнување на економската и националната безбедност – Трамп тврди дека отворените пазари во САД, заедно со затворените пазари во странство, ја поткопуваат американската конкурентност и дека новиот тарифен режим ќе донесе поправеден и попросперитетен трговски систем.