Нуркачи трагаат по маж кој влегол да се искапе во Глажња и исчезнал

Сподели со своите пријатели

Нуркачки екипи на Министерството за внатрешни работи вчера го пребарувале вештачкото езеро Глажња во Липково трагајќи по маж кој влегол да се капе и не излегол.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, кај нив била примена пријава дека лицето Р.Ф. од селото Никуштак влегло во акумулацијата по што му се губи трага.

Нуркачите цел ден го пребарувале езерото, но не успеале да го пронајдат телото.

– Според информација по телефон од лицето за контакт од општина Липково, во 19:21 часот, нуркачката екипа на МВР ќе мора да се повлече согласно пропишаните стандарди и нивни можности, информираат од РЦУК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

Потрагата, велат, ќе продолжи и денеска, а ноќва акумулацијата е надгледувана од полицајци на ПС Матејче.

Никола Ивановски