Нуркачи од САЕ Тигар ја продолжуваат потрагата по удавеното лице во Глажња

Сподели со своите пријатели

Нуркачките тимови на Специјалната антитерористичка единица Тигар денеска ќе продолжат со потрага по удавеното лице во акумулацијата Глажња.

Loading...

– Три нуркачки тима на САЕ Тигар за кратко ќе ја продолжат потрагата по лицето кое вчера исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковско, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово велат дека станува збор за трисетгодишник од липковското село Никуштак.

– На 30.07.2023 година во 14.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на браната Глажња, Ф.Р.(30) од село Никуштак влегол во водите од браната и не излегол, велат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Потрагата по исчезнатото лице започнала вчера попладне, но не дала резултати.

Никола Ивановски