Новите сопственици на ФЗЦ со одговор на обвинувањата на работниците

Сподели со своите пријатели

По повод вчерашниот протест на вработените во ФЗЦ ”11 Октомври”, и обвинувањата на група вработени за извесна принуда од страна на компанијата ”Квалитет пром” како нови доминантни сопственици за откупување на акциите од вработените во вредност од 550 денари по акција, денес во писмена форма добивме одговори на поставените прашања, кои ви ги пренесуваме во интегрална содржина.

Loading...

1. Дали вие како нови и доминантни сопственици сте одговорни за исплата на заостанатите лични доходи?

Мало појаснување… Ние формално- правно, сè уште не сме доминантни сопственици. Процедурата за преземање е во тек, и ние очекуваме процедурата да се заврши во втората половина на јуни, што би значело и наше вклучување во менаџирање на фабриката од почетокот на јули.

Исплатата на заостанатите лични доходи како и другите обврски на фабриката кои се големи, а се настанати во минатото, ние ќе треба да ги сервисираме во иднината од работењето на фабриката.

2. Дали вработените со право ве обвинуваат дека им вршите принуда за откуп на акциите?

Не. Ние со добивање на јавното наддавање, веќе го имаме управувачкиот пакет, но согласно законите во Р. Македонија за превземање на ФЗЦ ”11 Октомври”, ние имаме обврска да дадеме јавна понуда  до сите акционери кои би биле заинтересирани да ги продадат своите акции, под истата цена 550,00 за една акција, за што и имаме депонирано банкарски гаранции во Централен депозитар.

Во моментов купувањето на останатите акции ни претставува само финансиско оптоварување, но тоа се правилата.

3. Дали во ФЗЦ по откуп на акциите на Македонска Берза се одржа првото акционерско собрание во нов состав?

Loading...

Како што веќе спомнав погоре, процедурата е во тек и ништо сè уште нема поминато на берза. Tрансакцијата на Македонскaта Берза би требало да се случи во втората половина на јуни и дури тогаш ”Квалитет-пром” да се запише во Централен Депозитар како мнозински Акционер.

4. Ако не, кога се планира одржување на истото, и дали планирате во иднина на вработените да им ветите сигурен личен доход, со оглед дека фабриката доби дел од проектот за изградба на цевковод за гасоводот кон Бугарија.

За одржување на Собрание,  прогнозите се крај на јуни, додека за гасоводот, ФЗЦ би бил вклучен во мал дел од монтажата што финасиски ништо не би значело за Фабриката. Ние ќе вложиме максимални напори Фабриката да работи профитабилно од каде би произлегла гаранцијата за платите.

5. Вчера како што тврдат вработените, имало отпуштање на 200 работници на принуден одмор, па наше прашање е дали фабриката ќе го задржи истиот број вработени, ќе понуди нови вработувања, или планира да го намали бројот во согласност со новите политики на работа.

Ние ќе направиме максимални напори вработените да си ги задржат своите работни, но главната цел ќе биде профитабилно работење од каде би требало да произлезе развој на фабриката а со тоа и нови вработувања.

6. Дали ги откупивте остатокот од акциите како што беше најавено неодамна со писмено барање?

Процедурата е во тек. Решението од Комисијата за Хартии од вредност за превземање на ФЗЦ е добиено пред два дена и јавната понуда важи 30 дена т.е. до 12.06.2015 година. Како што и одговорив претходно, сите заинтересирани можат да ги продадат своите акции, додека, ние сме обврзани по закон сите понудени акции да ги купиме.

Leave a Reply