Новинарка од Србија пронајдена мртва во Марсеј

Сподели со своите пријатели

Марина Влаховиќ (39), новинарка од Србија, специјализирана за Блискиот Исток, во понеделник на 25 ноември е пронајдена мртва во стан во Марсеј.

Отворена е истрага за расветлување на околностите на нејзината смрт, јавува Нова С.

Новинарката е пронајдена без знаци на живот на терасата од нејзиниот стан во Марсеј.

Соработувала со неколку познати медиуми како Arte, France Culture и Mediapart.

Телото на новинарката Влаховиќ го пронашле нејзините пријатели, бидејќи таа со денови не одговарала на телефонот. Загрижени за ова отишле во нејзиниот стан и телото го пронашле на терасата од зградата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санкции од Брисел и Вашингтон за Москва: ЕУ забрани увоз на гас, Трамп „удри“ врз Лукоил и Роснефт

Смртта најверојатно настапила неколку дена пред да биде пронајдено телото.

Според полициски извори на кои се повикува Ла Прованс, ниту еден елемент засега не укажува на насилна смрт.

Наредена е обдукција за утврдување на околностите околу нејзината смрт, а истрагата е во тек.