Новинар од Јапонија, чиј идентитет се уште не е утврден, е ранет во ракетен напад врз Киев, објави градоначалникот Виталиј Кличко.
Loading...
Меѓу повредените во Киев, во областа Печерск, е и новинар од Јапонија, изјави Кличко на својот канал Телеграм, пренесува Гардијан.
Градоначалникот на Киев додаде дека новинарот е хоспитализиран и дека вкупно осум лица се повредени.
Покрај тоа, тој изјави дека лицето кое почина во областа Соломјанск е постар човек. Уште седуммина се повредени во две експлозии во областа, напиша тој на Телеграм.
Да потсетиме, руските сили вршат голем напад врз неколку украински градови, а под најсилен удар е Киев.