Нови жестоки напади врз Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за германскиот весник „Билд“ не ја отфрли можноста Бахмут да падне во рацете на Русите, но посочи дека тоа ќе значи само „мала победа“ за Русите.

Loading...

Бахмут припаѓа на втората линија на украинската одбрана во Донбас, а Украинците таму им нанесоа големи загуби на единиците на Вагнер и другите руски сили.

Но, и бранителите претрпеа големи загуби. Градот, во кој некогаш живееле 74.000 луѓе, бил во голема мера уништен. Локалните власти соопштија дека во Бахмут сè уште живеат 5.000 цивили.

Во последните 24 часа одбиени се бројни напади во областа на источен Доњецк, соопшти украинската армија.

Руските сили тврдат дека се подготвуваат да го заземат Бахмут – фокусот на повеќемесечните интензивни борби.

Шефот на руската приватна армија Вагнер тврди дека таа е „практично опкружена“ со ограничени излезни правци.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.