Неколку големи кинески градови дополнително ги заострија ограничувањата поради Ковид-19 денес, при што Шенжен затвори повеќе компании. Далиан наметна заклучување на милиони луѓе, а Тијанџин започна нова рунда масовно тестирање.
Сето тоа негативно влијание врз економската активност и одложување на почетокот на учебната година на некои ученици, пренесува Ројтерс.
Новите мерки, кои треба да траат само неколку дена, го одразуваат инсистирањето на Кина на таканаречената „политика на нулта толеранција кон коронавирусот“, која има за цел да ја потисне секоја епидемија во рана фаза, наведува британската агенција.
Лонгхуа, област Шенжен со 2,5 милиони жители, денеска затвори неколку објекти за забава и пазари на големо и ги забрани јавните масовни собири.
Луѓето мора да покажат негативен тест не постар од 24 часа за да влезат во станбени области, а рестораните мора да го ограничат бројот на гости на не повеќе од 50 отсто од капацитетот, соопштија локалните власти на Лонгхуа. Новите мерки се очекува да важат до сабота.
Овој потег следи по слични мерки објавени во понеделникот за три други области со повеќе од шест милиони луѓе во Шенжен, град кој имаше повеќекратни епидемии на сојот омикрон оваа година, според Ројтерс.
Иако градските власти не најавија целосно одложување на новата учебна година, неколку родители за британската агенција изјавиле дека училиштата ги информирале за одложувањето.
Во Далиан, главното пристаниште во североисточна Кина, за централните градски области со околу три милиони жители, денеска е воведена блокада која треба да трае до недела.
На домаќинствата им е дозволено да праќаат само едно лице на пазарење намирници, а за време на заклучувањето, работниците кои не се приоритетни се обврзани да работат од дома, додека од производствените компании се бара да го намалат персоналот на погонот и да одржуваат само основни и итни операции.
Властите во Тијанџин, град во северна Кина, наредија нови тестови за Ковид-19 во неколку делови на градот за неговите 13,7 милиони жители, четврти од саботата.
Кина објави 1.717 нови случаи на Ковид-19 на 29 август, вклучувајќи 349 симптоматски и 1.368 асимптоматски инфекции, покажаа денеска официјалните податоци, пренесува Ројтерс.