Ноќеска на полноќ бензините и дизел горивото поевтинуваат за 3,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Согласно одлуката, цената на еуросуперБС-95од моќеска на полноќ ќе изнесува 57,5 денари, литар еуросуперБС-98 ќе се продава по 59 денари, додека за еден литар еуродизел (Д-Е V) ќе треба да се одвојат 39 денари.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4,00 ден/лит, со што цената на овој дериват изнесува 27,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,467 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 12,857 денари за еден килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 28,415 $/барел и е за 19,51% пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.