Новак: Руските нафтени деривати сѐ уште се барани во земјите на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Руските нафтени деривати сѐ уште се барани во земјите на ЕУ, изјави за новинарите рускиот вицепремиер Александар Новак, додавајќи дека тоа го потврдува и фактот што два вида нафтени деривати се отстранети од списокот со ограничени цени.

Loading...

„Вчера беа усвоени неколку дополнителни измени на регулативите на Европската унија, беа усвоени исклучоци. Ова е уште една потврда на фактот дека руските нафтени деривати се барани во Европа. Европските политичари покажаа дека нема логика зад нивните постапки. Тие носат такви одлуки, смислувајќи начини за излез од ситуацијата“, изјави тој, пренесе ТАС С.

Со отстранувањето на голем број нафтени деривати од списокот на санкционирани производи се легализираат сивите шеми за снабдување со гориво кои постојат одамна, нагласи Новак.

Покрај тоа, тој изрази уверување дека рускиот нафтен сектор ќе продолжи да работи стабилно и покрај ембаргото за снабдување со нафтени деривати воведено од Европската унија.

Европската комисија вчера го објави образложението на одлуката за воведување ценовни лимити на руските нафтени деривати, во кое ги наведе случаите во кои не се применуваат горните ценовни граници.

Така, нафтените производи произведени од руска нафта надвор од земјата, како и мешавината на руско гориво со нафтени деривати на други земји, под услов да се мешаат на територијата на трети земји, не спаѓаат под санкциите на ЕУ.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.