Иранската војска испали најмалку две ракети кон комерцијални бродови што минуваа низ Ормузскиот теснец во понеделник вечерта, изјавија двајца американски функционери за американскиот портал „Аксиос“.
Овие нови напади се закануваат да го уништат потпишаниот меморандум за разбирање меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, според кој официјален Техеран се согласи да ги запре нападите во Ормузскиот теснец.
„Аксиос“ наведува дека САД веројатно ќе возвратат со напади врз ирански цели.
За потсетување, операциите на трговската морнарица на Обединетото Кралство соопштија во понеделник дека добиле извештај за танкер што пловел кон југ во близина на Оман, покрај брегот на Ормузскиот теснец, кој бил погоден од непозната ракета, предизвикувајќи пожар.
Американски функционер изјави дека втор комерцијален брод бил погоден од иранска ракета.
„Двата брода претрпеле значителна штета, но немало жртви“, изјави американски функционер.
Повеќе детали наскоро.

