Социјалдемократскиот сојуз за денес ја најави новата 36-та „бомба“ во Кампот на слободата, а настанот најверојатно ќе почне во 18 часот.
Според распоредот, најавена е и дебата за МРТВ во 19 часот, а еден час потоа, музика ќе пуштаат актерите Драган Спасов – Дац и Владимир Лазовски.
Дебатата за МРТВ е насловена «МРТ – Јавен сервис на граѓаните или огласна табла на Владата?».
Неа ќе ја модерирa новинарот Катерина Цаневска – Арсовска, а ќе учествуваат Зоран Фидановски, член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Сефер Тахири, универзитетски професор, Санта Аргирова, поранешна новинарка во МТВ, Биљана Бејкова, граѓанска активистка и Цветанка Иванова, претседателка на Комисијата за информатичко општество и администрација на СДСМ.