Нов Зеланд ги укина последните ограничувања за Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд ги укина последните ограничувања за „Ковид-19“, што го означи крајот на владиниот одговор на пандемијата.

Loading...

Премиерот Крис Хипкинс рече дека обврската за носење маски во болниците и другите здравствени установи ќе заврши на полноќ, како и обврската за луѓето заразени со вирусот да се самоизолираат седум дена, пренесе АП.

Нов Зеланд доби пофалби за целосно елиминирање на вирусот на почетокот на пандемијата, откако воведе карантини низ целата земја и строги гранични контроли.

Но, како што напредуваше пандемијата и се појавија нови варијанти, пристапот на нацијата со нулта толеранција стана неодржлив, а државата на крајот ја напушти својата стратегија за елиминација.

Хипкинс рече дека за време на екот на пандемијата, копнеел за денот кога ќе може да ги укине сите ограничувања.

Тој изјави дека околу 3.250 Новозеланѓани од пет милиони жители починале од Ковид-19 како примарна или секундарна причина.

„Иако несомнено имаше фрактури во нашето колективно чувство на единство, верувам дека Новозеланѓаните можат да бидат исклучително горди на она што го постигнавме заедно“, рече Хипкинс.