Технолошката индустрија во Велингтон, главниот град на Нов Зеланд, е во активна потрага по специјалисти од областа на компјутерско програмирање, продукт-менаџири, дигитални стратези, креативни директори и аналитичари.
За да го привлечат стручниот кадар за преселба на островот, се нуди бесплатен пат до главниот град за сите оние кои можат да ја докажат својата вредност на овие полиња.
Градот смисли глобална програма за привлекување на таленти, во склоп на која ќе се угостат 100 потенцијални кандидати за работа неделно. Во текот на оваа недела, кандидатите ќе учествуваат во разни интервјуа за работа, но, исто така, имаат и можност да се запознаат со овој прекрасен остров.
Заинтересираните треба да направат свој профил на интернет страницата LookSee Wellington до 20 март.