Нов училишен мебел за Гимназија „Сами Фрашери“

Сподели со своите пријатели

Нов училишен мебел, столови и маси доби гимназијата „Сами Фрашери“ од Куманово, соопштија надлежните. Мебелот веќе е распределени во училниците.

Loading...

– Набавени се нови 130 клупи и 260 столчиња за учениците. Набавката ја спроведе општина Куманово. Се надеваме дека со оваа инвестиција значително ќе влијаеме за подобрување на наставниот процес во училиштето, изјави директорот на училиштето, Африм Алити.

 

 

Во наавката опфатени се и паметни табли од понов модел како и лаптоп за потребите на учениците.

Во пандемијата, општината инвестираше во ова училиште со набавка на 18 паметни табли за секоја училница и 26 компјутери за училниците и кабинетите. Во „Сами Фрашери“ учат 675 ученика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

 

Loading...

 

Учениците настава следат во несоодветни простории во објект на поранешниот ЗИК комбинат. Владата на една од седниците донесе одлука да инвестира во изградба на нов објект во поранешната касарна во Бедиње.

За изградбата, според соопштението на Владата од 30 август, годинава ќе се одвојат 120 милиони денари, а училишниот објект треба да се изгради за три години.

МИА