Нов пожар во Бељаковце: Пристигна до куќите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нов пожар попладнево изби во кумановското село Бељаковце, откако поголема површина и неколку куќи изгореа во истото село минатата недела.

Loading...

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, екипи на кумановската противпожарна единица се на терен.

Огнот попладнево пристигнал до неколку стари, најверојатно напуштени куќи.

– Пожарот над с. Бељаковце, кумановско, се приближи до неколку стари најверојатно напуштени куќи но благодарение на благовремената интервенција на кумановските пожарникари огнот е сопрен на безбедно растојание, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

 

Никола Ивановски