Продажниот салон на „Македонски Телеком“ лоциран во срцето на Куманово, од денеска започна со работа во комплетно нов внатрешен изглед, како дел од ребрендирањето на најдобрата македонска телекомуникациска компанија.
Лоциран на градскиот плоштад, реновираниот салон на ”Македонски Телеком” денес осамна во нов и современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста на објектот пренесен е и локалниот дух преку историски моменти, слики и личности од градот, притоа нудејќи пријатен и атрактивен изглед за купувачите и корисниците на услугите на „Македонски Телеком“.
Како што вели менаџерот на продажниот салон, Владица Смилевски, станува збор за сосема ново уникатно мултимедијално доживување, преку кое корицнисите лесно ќе го најдат она што им одговара најмногу, согласно потребите и можностите.
По повод отворањето на салонот, подароци добија првите 100 лица кои го посетија објектот, а за сите оние кои сакаа да го обноват договорот или да склучат нов, имаа можност да си добијат таблет со попуст од 60 насто.