Нов Јужен Велс забранува јавно прикажување на свастиката

Сподели со своите пријатели

Долниот дом на Парламентот на австралиската држава Нов Јужен Велс денеска усвои нацрт-закон за забрана на јавно прикажување на свастиката.

Loading...

За да стане закон, предлогот треба да биде усвоен од Долниот дом на Парламентот, според АП.

Австралиската држава Викторија го забрани прикажувањето на нацистичката свастика во јуни, а Квинсленд и Тасманија треба да го следат примерот.

Јавниот обвинител на Нов Јужен Велс, Марк Спикмен, изјави во парламентот дека свастиката предизвикува загриженост кај граѓаните.

Во текот на 2020 година, полицијата примила 31 поплака за истакнување на нацистичкото знаме.

Ширењето омраза е неприфатливо во нашата заедница, рече Спикмен.

Новиот закон предвидува можност за користење на свастиката за образовни и религиозни цели, бидејќи таа е свет симбол за будистичките и хинду верниците.

Прекршувањето на законот ќе значи една година затвор или парична казна од 7.700 американски долари за физички лица и 38.000 американски долари за компании.

Loading...