Норвешка планира високо ниво на производство на гас до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Норвешка планира да го задржи производството на гас на високо ниво до крајот на деценијата, но ќе го продава по пазарни цени, изјави министерот за енергетика Терје Асланд, отфрлајќи ги предлозите на некои аналитичари и медиумите, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Очекувам дека можеме да го одржиме сегашното ниво на производство до 2030 година. Знаеме дека се изготвени проекти и планови за развој и работа кои би можеле да помогнат да се одржи високото производство на гас во иднина“, рече Асланд.

Норвешка треба да произведе околу 122 милијарди кубни метри гас оваа година, осум отсто повеќе отколку во 2021 година и потенцијално да го надмине рекордот од пред пет години, според официјалните прогнози од мај.

До 2026 година производството треба да се намали на 118 милијарди кубни метри, според прогнозата на нафтената администрација од јануари.

Долгорочна побарувачка

Норвешка сега е најголемиот извозник на гас во Европа, надминувајќи ја Русија, која го намали извозот, според податоците на Refinitiv Eikon.

Асланд, исто така, рече дека е уште посигурен во долгорочната побарувачка за норвешки гас во Европа, откако Осло потпиша договор со Брисел во јуни, кој предвидува зголемен европски увоз на норвешки гас.

Норвешка веќе одговори на зголемената европска побарувачка со испраќање гас во странство што требаше повторно да се инјектира во земјата за поголемо производство на нафта.

Loading...

Цените на гасот во Европа годинава се зголемија речиси тројно, а Норвешка не планира да го продава под пазарната цена, како што сугерираат некои аналитичари и пишувања на медиумите.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.