Ноќва изгаснат пожарот во липковско: Горело во близина на нафтените резерви!

Сподели со своите пријатели

Големиот пожар кој вчера попладне избувна во липковските села Слупчане и Ваксинце е изгаснат ноќва.

Loading...

Информацијата утринава ја потврди директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

– Благодарение на пожртвуваната и храбра акција на кумановските пожарникари со подршка на локалното население, околу полноќ пожарот во липковско беше локализиран. Во овој момент нема горење но поради опасност од повторна појава и ширење на пожарот екипа на ТППЕ Куманово се наоѓа на терен, изјави Ангелов.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот вчера стигнал до складовите за нафтени резерви во месноста Грубинце, каде горела сува трева и грумушки на поголема површина.

На терен веднаш изглегла една екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, по што било барано засилување.

Пожарот го гаснеле седум пожарникари со две противпожарни возила, а интервенирале и петмина вработени во Шумско стопанство Куманово.

Доцна во ноќта пожарот е целосно изгаснат, но засега не се познати причините за негово избувнување.

Во попладневните часови кумановските пожарникари интервенирале и во населбата Карпош. Таму горела сува трева, а интервенцијата на пожарникарите траела во период од 20:40 до 21:08 часот.

Loading...

Пожар вчера имало и во атарот на селото Руѓинце, каде гореле сува трева, грмушки и шума. На терен интервенирале пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане во период од 23:50 до 00:50 часот.

Никола Ивановски