Ноќна операција на израелската армија во Газа, пронајдени тела на шест заложници

Сподели со своите пријатели

Израелската армија (ИДФ) објави дека во ноќна операција во Газа пронашла тела на шест заложници.

Loading...

ИДФ и Израелската агенција за безбедност (ISA) објавија дека се пронајдени телата на Јорам Мецгер, Александар Данциг, Аврахам Мундер, Хаим Пери, Надав Поплвел и Јагев Бухстаб.

Армијата веќе објави дека сите освен Мундер починале во изминатите месеци, јавува Си-Ен-Ен.

Нивните тела се пронајдени во градот Кан Јунис, јужно од крајбрежната територија, соопшти армијата.

Семејствата на шестмината мажи се известени, се вели во соопштението.

Хамас сè уште држи повеќе од 100 заложници, но се верува дека многумина се мртви

Според пишувањата на медиумите, петмината мажи биле на возраст меѓу 35 и 80 години.

Сите биле живи кога биле киднапирани.

Според израелските податоци, палестинската милитантна организација Хамас сè уште држи 109 заложници, од кои многумина веројатно веќе не се живи.

Loading...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен моментално се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

Израел го прифати предлогот поддржан од САД за премостување на разликите меѓу Израел и Хамас, рече Блинкен во понеделникот.

Хамас, сепак, се уште не се согласил на тоа. Хамас и другите палестински милитанти киднапираа вкупно 253 лица од Израел и ги одведоа во Газа на 7 октомври.

Некои од нив беа ослободени во размена на затвореници, а неколку заложници успеаја да бидат спасени од израелската армија – иако по висока цена за палестинското цивилно население за време на тие воени операции, за кои Израел се соочи со меѓународна критика.