Ноќеска започнува летното сметање на времето

Сподели со своите пријатели

Летното сметање на времето почнува од 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00 часот.

Loading...

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што изјавил Тито по обиколката на разурнатото Скопје во 1963 година?