Нобоа: Насилството на еквадорските нарко банди е проблем за целиот свет

Сподели со своите пријатели

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа денеска изјави дека овонеделната ескалација на насилството на бандите во неговата земја е проблем за целиот свет.

Loading...

Најмладиот претседател на Еквадор е на функција само од ноември, а сега се соочува со најголемата криза во земјата во нејзината модерна историја.

„Не навлегов во ова мислејќи дека ќе биде лесно“, изјави тој за Би-Би-Си.

За време на немирите, двајца водачи на банди избегаа од затвор, затворските чувари беа држени како заложници, вооружени напаѓачи упаднаа на телевизијата за време на програма, а експлозии одекнаа низ целата земја.

Нобоа објави воена состојба и војна против моќните банди кои ја контролираат трговијата со кокаин.

„Не можеме да продолжиме со оваа игра што овие терористички групи се обидуваат да ја постават“, рече тој.

Тој ѝ наредил на својата армија да „неутрализира“ 22 вооружени групи кои ги нарекол како терористички организации.

Помош понуди и Вашингтон, па делегација од САД ќе пристигне во Еквадор во наредните недели.

Loading...

Неговите критичари го нарекуваат американски интервенционизам, но претседателот Нобоа го поздравува потегот.

„Охрабрувачки е да се види дека меѓународната заедница всушност обрнува внимание на она што се случува овде. Тоа го погодува целиот свет, наркотерористите што оперираат овде имаат операции во Европа, во САД. Мораме да го решиме проблемот од корен, а коренот на проблемот е тука“, додаде тој.