„Њујорк тајмс“ тврди: САД испраќале муниција во Украина складирана во Израел

Сподели со своите пријатели

Вашингтон испратил на Украина околу 300.000 проектили со калибар 155 мм од магацини лоцирани во Израел, што минатата година го одобрил тогашниот премиер на Израел Јаир Лапид, тврди Њујорк Тајмс.

Loading...

Тврдењата на Њујорк Тајмс ги потврдил израелски функционер, како и согласноста на Лапид за трансфер на муниција, иако на Вашингтон формално не му е потребна согласност од Ерусалим, пренесува Ројтерс.

Американската амбасада во Израел немаше коментар, украинската амбасада соопшти дека „не знае ништо за тоа“, додека руската амбасада одби да го коментира целиот случај.

„Оваа муниција е под израелска брава, но на Американците не им треба дозвола за пренос. Муницијата е американска сопственост“, рекол поранешниот началник на израелското Министерство за одбрана и поранешен генерал на воздухопловните сили Дејвид Елкана Иври.

Израел ја осуди руската инвазија на Украина, но остана делумно воздржан за испраќање помош во Киев и одби да испрати оружје директно во Украина.

Ерусалим сака да одржува добри односи со Москва поради големото еврејско малцинство во Русија и координацијата на нападите против цели во Сирија, во која има и руски гарнизон.

Поранешниот премиер Лапид беше гласен поддржувач на Украина, но прашање е дали новата десничарска влада на Бенјамин Нетанјаху, која дојде на власт на 29 декември минатата година, ќе продолжи со истата политика.

Пентагон складира муниција во Израел со децении и служи како резерва за Израел во случај на војна или се испраќа до други сојузници на САД.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.