Ништо не ги менува книгите: Децата најмногу го разбираат прочитаното од хартија

Сподели со своите пријатели

Децата читаат подобро ако текстот што треба да го прочитаат е отпечатен, отколку да го читаат од екран од кој било вид, покажа неодамнешната студија.

Loading...

Во Норвешка беше спроведено истражување во кое учествуваа повеќе од 1.100 десетгодишни лица, кои решија два идентични теста за разбирање на читаниот текст, од кои едниот беше „на екранот“, а другиот на хартија.

ГЕНИЈАЛЕН ТРИК: Како да ги научите децата да го нацртаат секое животно? (ВИДЕО)

Анализата на добиените одговори покажа дека скоро третина од учениците (30% од нив) имаат подобри резултати при решавање на тестот на хартија. Половина од децата (53 проценти) немаат никаква разлика во резултатите и се покажа дека префрлањето на „екранот“ е најтешко за девојчињата кои инаку се многу добри ученици.

Научниците кои го спроведоа ова истражување веруваат дека вклучувањето на дигиталните решенија во наставата треба внимателно и постепено да се спроведуваат.

Во современите училници, особено за време на оваа пандемија на коронавирусот, мрежните ресурси се вредни и за учениците и за наставниците.

Зошто на децата не треба да им пружите се што ќе посакаат?

Студијата објавена во Меѓународниот весник на едукативни истражувања посочува дека овие разлики во разбирањето на читањето и резултатите од тестовите се јавуваат кај група популација која израснала опкружена со дигитални уреди, затоа што генерацијата на која припаѓаат малите испитаници е опкружена со „екрани“практично од раѓањето, што значи дека овој вид технологија не е ниту страна ниту неприродна за нив.

Loading...

„Овие резултати се забележани и покрај фактот дека децата во Норвешка имаат и пристап и искуство во користење на интернет и дигитални уреди“, според студијата на научниците од Универзитетот во Ставангер, Норвешка.

Можно е, велат истражувачите, разликата во разбирањето на она што се чита да се јавува како резултат на лошите навики во читањето од екранот, или затоа што децата морале да скролаат.

Најтешките прашања кои децата можат да ви ги постават, а на кои немате одговор

„Резултатите покажуваат дека имплементацијата на дигиталните технологии во образовниот процес во основните училишта треба да се спроведе многу внимателно“, велат научниците.

Leave a Reply