Николај Павловски поднесе оставка во Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Николај Павловски од денеска официјално не е член на Советот на Општина Куманово откако едногласно беше прифатена неговата оставка.

Loading...

Павловски, кој инаку студира во Москва, Русија, поднесе оставка поради довршување на своето високо образование.

– Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања одржа седница со која ја разгледа оставката на колегата Николај Павловски кој поднесе оставка од функцијата советник на советничката листа „За наше Куманово“, а ја поднесува поради дозавршување на високото образование поради студирање во странство. Комисијата предлага да се донесе одлука за престнаок на мандатот, а мандатот му престанува на 26 септември 2022 година, изјави Дарко Митевски, претседател на комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Посакувам денеска да победи демократијата и пред се Македонија (ВИДЕО)

На неговото место треба да дојде советник од листата „За наше Куманово“, а според листата кандидати со која здружението настапи на изборите, тоа би требало да биде Дарко Спејко Петковски, иако тоа сѐ уште не е официјално.