Ни горе, ни долу: Како спијат астронаутите во вселената? (видео)

Сподели со своите пријатели

Скоро сите имаме доживеано да не можеме да заспиеме. Во такви моменти ни пречи се: мотор на автомобил, шумот од фриждерот, чукањето на часовникот и сл. Но, дали сте се некогаш запрашале каок астронаутите спијат за време на престојот во веселенската станица?

Loading...

Многу фактори влијаат на сонот. Веројатно сама помисла дека космонаутите се наоѓаат во вселена го ремети сонот. Недостатокот на сон предизвикува тензија и намалена концетрација или кажано со други збоови ја зголемува веројатноста дека нешто ќе тргне на лошо.

Iss016e008792

За да се избегне лебдеење и удирање во разчлични предмети за време на спиењето, астронаутите ги прицврстуваат специјално дизајнираните вреќи за спиење за ѕидот или подот.

Екипажот на шатлот избегнува спиење во кокпитот, затоа што топлината од сончевата светлина која влегува низ прозорот може да го ремети сонот на астронаутите кои немаат маска. Понекогаш сонот може да биде спречен поради мачнини во текот на движењето низ вселената. Спиењето во простор со повеќе астронаути исто така може да биде проблем затоа што членовите на екипажот многу лесно можат да се слушаат едни со други.

НАСА сама октрила дека се вообичаени лековите за несоница и инсомнија, апчиња за спиење и лекови против болки. Внатрешниот часовник го контролира ритамот кој произведува циклуси кои траат и 24,2 часа.

01484321-8914-4384-9AA07ED23885427E

Часовникот се подесува самиот секое утро со изложување на организмот на светлина. Во вселенската станица денот и ноќта се менуваат на секои 45 минути. За да се избегнат сончевите зраци, кои прилично можат да им пречат, астронаутите ги покриваат прозорците и носат маски за спиење, а за изолирање од постојата бучава која ја прават филтрите за воздух и останатата опрема тие користат чепкаплки за уши.

Loading...

Не е доволно само да се вржат за ѕид, туку е неопходно и рацете да ги држат вкрстено, затоа што многу лесно можат да се подигнат и да лебдат над нив. Според тренерот на астронаутите, Роберт Фрост, вентилацијата исто така мора да биде на висина на задачата, затоа што јаглерод диоксидот кој астронаутите го издишуваат, не се губи како на Земјата, туку стои мирно испред нивните уста и чека тие повторно да го вдишат.