Невработеноста во Франција во третиот квартал благо зголемена

Сподели со своите пријатели

Невработеноста во Франција во третиот квартал од 2024 година благо се зголеми од 7,3 отсто во вториот квартал на 7,4 отсто, објави денеска Францускиот национален институт за статистика и економски истражувања (ИНСЕЕ).

Loading...

Бројот на невработени се зголеми за 35.000 на 2,3 милиони во кварталот, но ова е многу мала промена што доведе Институтот да ја означи невработеноста како „речиси стабилна“, пренесува „Фигаро“.

Невработеноста кај младите на возраст од 15 до 24 години е зголемена во наведениот период за 1,8 отсто и изнесува 19,7 отсто, додека кај возрасната категорија од 25 до 49 години е намалена за 0,1 отсто на 6,6 отсто, а во возрасната категорија 50 години и постарите за 0,3 отсто до 4,7 отсто.

Стапката на невработеност кај мажите квартално се намалува за 0,3 отсто на 7,6 отсто, а на жените за 0,2 отсто на 7,2 отсто, пренесува Танјуг.

Французите треба да направат повеќе за земјата да го задржи својот социјален модел, најави минатата недела министерот за економија на Франција, Антоан Арман.

Тој изјави дека ситуацијата со француските јавни финансии е „исклучително загрижувачка“ и се заложи за зголемување на бројот на работни часови во земјата.

„Она што го велам денес е дека бројот на работни часови во Франција веќе не е доволен за финансирање на нашиот социјален модел и дека ако сакаме да го одржиме, ќе мора да работиме повеќе“, посочи Арман.