Украинците во текот на ноќта погодија 15 бродови на руската „флота од сенка“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинските сили за беспилотни системи во текот на ноќта погодија 15 пловни објекти на руската флота од сенка, со што вкупниот број на нападнати бродови во последните осум дена се искачи на 105.

Ова го објави командантот Роберт „Маѓар“ Броди на социјалните мрежи, пишува „Украинска правда“.

Бровди во соопштението прецизираше за кои пловни објекти станува збор.

„Ноќта меѓу 12 и 13 јули, слободољубивата птица на Силите за беспилотни системи погоди 15 пловни објекти на руската флота од сенка: седум танкери, пет товарни бродови, еден траект и два шлепери“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФСБ: Спречен напад од Киев врз руските воени аеродроми

Прекини во снабдувањето и сообраќајот

Во периодот од 6 до 13 јули, украинските сили извршија ефективни удари врз вкупно 105 пловни објекти.

Командантот додаде дека како резултат на операцијата секоја вечер се напаѓа претоварната инфраструктура во окупираниот Крим, сообраќајот низ Керченскиот теснец е запрен, а истоварот е сведен на минимум.

Ова е продолжение на серијата неодамнешни напади.

За потсетување, ноќта меѓу 10 и 11 јули, оператори на беспилотни системи нападнаа 28 бродови на руската флота од сенките во Азовското Море.

Неколку дена претходно, ноќта меѓу 7 и 8 јули, беа погодени 19 танкери од истата флота во Азовското Море, а истиот ден припадници на Службата за безбедност на Украина со поморски дрон нападнаа танкер во Црното Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија ги прошири санкциите против Русија