Невработени кумановци потпишаа договори за дооформување на образованието

Сподели со своите пријатели

Седумнаесет невработени кумановци, средните училишта од градот и Центарот за вработување денеска потпишаа трипартитни договори преку проектот „Втора Шанса“, финансиран од ИПА.

Loading...

Невработените ќе го дооформат средното образование и ќе добијат можност полесно да се вклучат на пазарот на труд.

– Партнери во проектот се средните училишта во Куманово, денеска се потпишани 17 договори со невработените лица за различни образовни профили и по полагање на испитите, завршна матура, невработените ќе се стекнат со диплома за завршено средно образование. Тие не го дооформиле своето образование. Преку проектот се покрива завршувањето на една училишна година, изјави раководителката на центарот, Марија Димитријевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Невработените го дооформиле своето образование, односно ќе завршат четврта година, аплицирале и се во фаза на полагање на испитите.

Директорот на средното техничко училиште „Наце Буѓони“, Драган Јаневски кажа дека активно учествуваат во проектот.

– Кај нас има двајца ученици, едниот од профилот, конструкциски механичар, вториот машински енергетски техничар. Како и сите струки од училиштето, тоа се дефицитарни занимања. Од она што го имам како информација, различни се примањата, но дел од приватните компании за конструкциски механичар се нудат плати и до 900 евра, изјави Јаневски.

И в државното средно училиште, Регионален центар за стручно образование „Киро Бурназ“ е вклучено во проектот и кај нив се пријавиле девет ученика и дополнително се пријавиле уште двајца кандидати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 3.000 лица со право на глас во Старо Нагоричане

– Голем интерес има и за третиот и за четвртиот степен. Има еден дел кои си го оформиле образованието до две години, ни им даваме можност веднаш да се вклучат во тригодишното образование како пекари. Има и дел кои се вклучени во четиригодишното образование и тука има прехранбен, козметички, ветеринарен, агро-техничар и еден ученик мехатроничар, изјави раководител на сектор за образование на возрасни од „Киро Бурназ“, Татјана Митевска.

Loading...

Таа потенцира дека сите профили се дефицитарни и учениците веднаш наоѓаат работа.Проектот сè уште е во тек и пријавувањето трае во кумановскиот центар за вработување.

МИА