Неколку храбри истражувачи направиле фантастични фотографии во една од најпознатите бази на американската војска на сите времиња, за која дури се наведува дека е и затвор за вонземјани, „Област 51“, пренесува „Дејли мејл“.
Базата е сместена во пустината Невада и основана во 1955 година за да таму се тестира авионот Lokhed U-2.
Меѓутоа станува место каде се вршат откритија поврзани со НЛО. Јавноста ја поврзува со наводни апсења на вонезмјани и владини завери.
Влезот е дозволен само на мал број на луѓе, безбедноста е на високо ниво, а локацијата во голема мера остана мистерија се до ден денес.
Американските истражувачи кои се занимаваат со прашњето околу вонземјаните Тим и Трејси Дојл, кои за таа намена имаат и истражувачки јутјуб канал, се качиле на врвот Тикабу, висок 2.438 метри.