Невеста и младоженец се самозапалија на свадбата за да ги забават гостите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Млад брачен пар решил да ја прослави својата венчавка на крајно необичен начин.

Loading...

Иако сè повеќе парови се одлучуваат за уникатни начини за стапување во брак – банџи скок, под вода и слично, Гејб Џесоп и неговата сопруга Амбир решиле да го кажат своето судбоносно „да“ во пламен.

Канадските каскадери кои работеле како двојници на филмскиот сет се запознале преку работа и решиле дека најсоодветен начин да ја прослават нивната љубов е да одат на оган.

Видеото на ТикТок кое стана вирално речиси преку ноќ има милиони прегледи, а сега на X се појави видео од друг агол, кое покажа дека младенците не биле толку рамнодушни како што изгледаше на почетокот на скратената верзија што кружеше на мрежите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците предупредуваат на можно страшно сценарио од 1815 година, но со посериозни последици

 

 

Отпрвин се гледаат Гејб и Амбир како шетаат со спуштена коса, со букет во рацете, а потоа стигнуваат до олтарот каде ги гаснат со противпожарни апарати.

Loading...

Тие завршија клекнати на земја, а оваа сцена многумина потсети на филмот „Игри на гладта“ во кој на сличен начин беа запалени актерите Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон.

Меѓутоа, во новото, нешто подолго видео, јасно се гледа моментот на блага паника кога парот претрча покрај гостите, бидејќи огнот опасно се качуваше кон косата на Амбир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците предупредуваат на можно страшно сценарио од 1815 година, но со посериозни последици

За среќа, се се заврши добро, иако многу можеше да тргне наопаку во момент. Инаку, младенците носеле гел против изгореници на косата и на лицето, а долниот дел од фризурите секако биле екстензии, па Амбир се осигурала.

Коментарите на мрежите само се редат, а додека некои сметаат дека претерале, има и такви на кои им се допадна изведбата.

 

@caseyputscher #duet with @djrusspowell ♬ He’s a Pirate & Jack Sparrow (From “Pirates of the Caribbean”) – David Solís