НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА МАРС: НАСА објави фотографии од мистериозен отвор (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

НАСА открила „цевка за лава“ под површината на Марс, лоцирана под вулканот Павонис Монс, кој е повисока од Мон Еверест.

Loading...

Отворот во вулканот е широк околу 35 метри додека пештерата е на 20 метри под површината.

НАСА сподели на социјалните мрежи фотографија од мистериозниот отвор на еден од најголемите вулкани на Марс, како „цевка за лава“ што може да се користи за човечките населби во иднина.

Отворот се наоѓа кај Пановионис Монс, вулкан крај екваторот висок околу 14 километри.

„Отворите како овој особено не интересираат интерес затоа што внатрешните пештери се релативно заштитени од суровата површина на Марс, што ги прави многу добри кандидати за живеалишта“, ​​пишува НАСА.

Фотографијата е направена во 2011 година, а долгогодишно истражување доведе до идеја да се користат овие цевки за човечко населување, ако тие некогаш стигнат до Марс.

Според Њусвик, слични цевки се пронајдени низ целиот свет – на Хаваи, Шпанија, Исланд и островите Галапагос.

Овие цевки се формираат откако еруптира вулканот, додека лавата тече под површината на земјата околу вулканот.

Loading...

Како што тече, лавата формира тврда кора, давајќи толку добра поддршка на подземните пештери за да не пропаднат.

Земјата околу вулканот Павонис Монс се верува дека е полна со подземни „цевки за лава“. Исто така, Павонис Монс е „заштитен вулкан“ затоа што има многу слоеви на разладена лава.

Научниците веруваат дека овие „цевки“ се веројатно најголемите подземни области на Марс кои би можеле да ги заштитат луѓето, доколку стигнат до Марс, од најразлични опасности од животната средина, вклучително и космичко зрачење и микрометеори.

„Лава цевките“ можат да достигнат и до 250 метри ширина, додека на Месечината може да бидат широки скоро 600 метри без да пропаднат.

Leave a Reply