Нетфликс најави ново поскапување на претплатата

Сподели со своите пријатели

Нетфликс ги објави новите покачувања на цените во своето последно писмо до инвеститорите.

Loading...

„Како што го подобруваме Netflix, повремено ќе бараме од нашите корисници да платат малку повеќе за да го оправдаат овој напредок, што пак ќе донесе нови инвестиции и подобрувања на нашите услуги“, велат од компанијата.

Нетфликс лансираше верзија поддржана од реклами во ноември 2022 година, а на патот, почна да се бори со споделувањето лозинки.

На почетокот на месецов објавија дека имаат 23 милиони активни корисници во рекламниот сегмент, што според прогнозите на експертите е меѓу 12 и 15 милиони претплатници.

Инаку, Нетфликс има повеќе од 260 милиони претплатници ширум светот, а цената за сегментот со реклами во САД чини 6,99 долари и не е зголемена откако е воведен.

Во писмото до инвеститорите, Нетфликс не соопшти колку планира да ги зголеми цените или во кои региони се однесува.

Во секој случај, поскапувањето може да се воведе и за овој регион, откако ќе почне.