Нервозни сте кога сте гладни? Еве зошто е тоа така!

Сподели со своите пријатели

Ви се менува расположението кога сте фладни? Тоа не е ваша вина. Постојат физиолошки причини зошто е тоа така.

Loading...

Нашето тело храната која ја внесуваме во организмот ја претвора во аминокиселини, масти и прости шеќери. Кога нивото на шеќер во крвта паѓа под одредено ниво, се вклучува алармот, затоа што човечкиот мозок зависи од глукозата.

Ако нивото на шеќер падне под одредена граница, нема да биде во можност да функционира нормално. Во екстремни ситуации може да дојде до вртоглавици, анксиозност, замаглен вид или просто можете да се чувствувате несигурно. Вашето тело ќе троши доста енергија и потребна и е замена.

Колкава е поврзаноста на овие две работи говори и научната студија од 1984 година која тврди дека насилното однесување можело да се предвиди кај луѓето, кои имале проблем да го регулираат нивото на шеќер во крвта.

Експертите советуваат дека воорганизмот треба да се внесуваат ореви, јогурт, јајца и хумус, намирници кои подолго време ќе ве здржат сити.

Регулацијата на шеќер во крвта зависи од личност до личност. Некои по напорно вежбање во теретана ќе се чувствуваат релаксирано, додека некои ќе бидат „бесни“. Секој организам различно реагира на намалено ниво шеќер во крвта. Затоа не мора да се грижите, затоа што „Ти не си ти, ако си гладен“.

Leave a Reply