Песница во фаза зададе едно девојче на својата сестра близначка. Не би било тоа некоја вест, доколку бокс мечот не се одиграл во стомакот на мајката, а го забележала камера на ултразвук.
Еднојајчани близначки се скарале, судејќи по се, и пред своето раѓање, сфатиле запрепастените родители кога дошле на преглед во болница во Јиншуан, Кина.
Преку ултразвук виделе дека бебињата со песници се удираат и туркаа една друга на спротивната страна во стомакот на мајката.
– Не можевме да веруваме кога ја видовме оваа снимка во декември, рекол гордиот татко Тао.
На лекарите сепак не им било толку смешно.
– Ова може да биде опасно, затоа што близнаците би требало да се развиваат во „две соби“, а двете делат една. Ова инаку се случува еднаш во 30 години, објаснил лекарот од пренаталното одделение на болницата.
Девојчињата на кои родителите им ги дале имињата Јагода и Вишна, инаку се родиле минатата недела, здрави и прави.