Организацијата за заштита и спасување на рептили бргу пристигнала и го однела животното, а Мет Шнајдер пред ова организација рекол дека алигаторот ќе биде сместен во аквариум.
Властите наведуваат дека алигаторот најверојатно бил нечиј миленик кој противзаконски бил оставен во таа област.
Според законот во Пенсилванија, алигаторите можат да се држат како домашни миленици, но забрането е да се пуштаат на слобода доколку веќе некој го поседува.