Неофицијално: Пукање во населба Бедиње – се шпекулира за убиено лице

Сподели со своите пријатели

Според неофицијални информации, пред неполн час, во населбата Бедиње, поточно на улицата 11 Ноември кај поранешната касарна ”Боро Менков”, дошло до вооружена пресметка, јавуваат граѓаните вознемирени од пукотници.

Loading...

Во престрелката според очевидците имало и ранети лица, а целата бркотница започнала во кафуле кое се наоѓа на улицата која поминува низ населбата.

Неофицијално, едно лице е убиено, а едно лице е рането. Со возило на Брза Помош, ранетиот според очевидците е пренесен во Општа Болница Куманово.

Увидот трае и се чека на официјална потврда од СВР Куманово.