Нема да има брз крај на војната во Украина?

Сподели со своите пријатели

Москва во моментов не гледа можност за дипломатско решение на војната во Украина и очекува долг конфликт, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН во Женева Генадиј Гатилов за британскиот весник Financial Times.

Loading...

„Сега не гледам можност за дипломатски контакти. И колку подолго трае конфликтот, толку потешко ќе биде дипломатското решение“, рече Гатилов.

Тој додаде дека нема да има директни разговори меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Тој изјави за Фајненшл тајмс дека ОН треба да играат поголема улога во напорите да се стави крај на конфликтот и ги обвини САД и другите земји од НАТО дека вршат притисок врз Украина да ги напушти преговорите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Во услови на интензивна дипломатска активност во последните недели, изјавите на Гатилов се удар за преговарачите кои се надеваа дека неодамнешниот договор за извоз на жито од украинските пристаништа во Црното Море може да биде основа за поширок договор, оценува британскиот весник.

Гатилов смета дека поради војната ОН заглавиле во „политизација“, која „го поткопа авторитетот на ОН и нивните организации“.

– Затоа, ОН не можат ефективно да дејствуваат како посредник, оценува Гатилов.

За неговите редовни дипломатски активности во Женева, тој рече дека Русија нема контакти со делегации на западните земји.

Loading...

„Немаме никакви контакти со западните делегации. Не се гледаме на протоколарната страна. Приватно, немаме никакви контакти, за жал… едноставно не разговараме“, изјави Гатилов за „Фајненшл тајмс“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

На 24 февруари, Русија ја нападна Украина во, како што рече рускиот претседател Путин „специјална воена операција“ за „деназификација“ на Украина.

Западните земји го осудија, воведоа санкции кон Москва и ги прекинаа врските.

Обидот на Русија брзо да го заземе Киев на почетокот на инвазијата не успеа.

Ова ја принуди руската армија да се прегрупира и да се фокусира на операциите на истокот и југот на Украина.

Земјите од НАТО досега ветија или испратија воена помош во вредност од над 30 милијарди долари за Украина.

Украинскиот претседател Зеленски претходно изјави дека ги гледа директните преговори со Путин како единствениот начин да се преговара за крај на војната и само по руското повлекување од сите украински територии што Русија ги окупира од почетокот на војната во февруари, пишува Фајненшл Тајмс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...