Неколку стотици луѓе со фашистичкиот поздрав на митинг во Рим (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Италија беше шокирана од видеото на кое стотици луѓе викаат и ги креваат десните раце во фашистички поздрав.

Loading...

Толпата се собра за да го одбележи нападот во 1978 година врз членовите на неофашистичкото младинско движење Movimento Sociale Italiano, во кој загинаа двајца.

Фашистичкиот поздрав е забранет во Италија.

Видеата од неофашистичкиот митинг во неделата во Рим, каде стотици луѓе ги кренаа десните раце во фашистички поздрав, привлекуваат големо внимание во Италија, јавуваат странските новински агенции.

Десничарските активисти се собраа во центарот на Рим на годишнината од нападот во Ака Ларентиа во 1978 година, во кој беа убиени двајца членови на неофашистичкото младинско движење Movimento Sociale Italiano (MSI).

Во текот на денот поединци носеа цвеќиња и венци во поранешниот штаб на неофашистичкото движење. Некои носеа и фашистички симболи и поздравуваа со подадена десна рака.

На комеморацијата вечерта се собраа голем број луѓе, а вчера снимката од собирот брзо се прошири на социјалните мрежи.

На видеото се гледа толпа облечена во црно како одговара на повикот: „За сите паднати другари“ со извици: „Презенте“.

Loading...

Во исто време тие ја креваат десната рака во фашистичкиот поздрав, кој во Италија е познат и како римски поздрав (салуто романо).

Фашистичките поздрави се забранети во Италија, но често се користат на неофашистичките собири.

Масакрот во улицата Ака Ларентиа се случи на 7 јануари 1978 година, пред седиштето на неофашистичкото движење Movimento Sociale Italiano, кога двајца членови на младината на МСИ беа убиени откако беа застрелани од автоматско оружје.

Престрелката беше проследена со протести на припадниците на МСИ, што доведе до судири со полицијата во кои беше убиен уште еден член на неофашистичкото движење.

Како што пишува весникот „Република“, девет години подоцна, за пукањето беа обвинети пет членови на екстремно левичарската милитантна група Лота Континуа.

Италијанските политички партии се оградуваат од настанот

Вчера видеата предизвикаа револт низ Италија, а најостри во критиките беа претставниците на опозицијата.

Тој потег, меѓу другото, го осуди и лидерот на Демократската партија на левиот центар, Ели Шлајн, која посочи дека неофашистичките организации треба да се распуштат во согласност со уставот.

Таа најави и дека нејзината партија во парламентот ќе постави прашање до министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

Loading...

Матео Ренци, лидер на центристичката партија Вива Италија, за телевизијата Ла 7 изјави дека момчињата запаметени на церемонијата заслужуваат почит и сеќавање и дека сите жртви од 1970-тите мора да бидат запаметени во историска перспектива.

„Но, овие сцени се неприфатливи“, нагласи тој во врска со фашистичкиот поздрав, додавајќи дека тоа што се повторуваат со години не го оправдува тоа.

Критичен беше и лидерот на десничарската партија Напред Италија, министерот за надворешни работи Антонио Тајани.

Како што нагласи во изјава за медиумите, ваквото однесување треба да се осуди, како и сите демонстрации за поддршка на диктатурите.

Во исто време, според извештајот на агенцијата Анса, тој потсети дека италијанското законодавство забранува застапување на фашизмот.

Фабио Рампели, потпретседателот на италијанскиот парламент и истакнат член на Браќата на Италија, денеска изјави дека неговата партија е „светлосни години“ оддалечени од екстремните десничари кои го искористија фашистичкиот поздрав на неделниот митинг.

Тој додаде дека таа партија не учествувала на митингот и нема никаква врска со инцидентот, пренесува Анса.

Опозицијата, исто така, ги повика премиерот Џорџија Мелони и нејзината крајнодесничарска партија Браќа на Италија, која се смета за наследник на неофашистичкото движење МСИ, да ги осудат фашистичките поздрави.

Loading...