Неколку локации низ Куманово во текот на денот ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 08:00 до 15:00 часот прекини на електричната енергија ќе има на дел од улиците„Тоде Думба“, „Панчевачка“, „Драган Стопаревиќ“, „АВНОЈ“, „АСНОМ“, „Васко Карангелевски“ и дел од населбата Ајдучка Чешма.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.