Видео од четиригодишно девојче со церебрална парализа кое ги прави првитечекори стана вирално откако нејзиното семејство одлучило емотивното видео да го споредли на социјалните мрежи, пишува foxnews.com.
Во снимката која на Инстаграм е објавена во понеделник, се гледа Маја како се бори да постигне рамнотежа, но успева да направи неколку чекори пред да започне да се смее.
– Јас одам. Одам! – извикува девојчето.
https://www.instagram.com/p/BkygujoBOHt/?utm_source=ig_embed
Loading...
Лекарите сметале дека до ова нема да дојде, барем не така бргу. Маја во мај имала голема операција на ‘рбетот, објави Дејли Мејл, а лекарите сметале дека нема да може да оди уште најмалку шест месеци.
Помалку од два месеци подоцна, Маја ги прави првите чекори без никакви помагала.
– Таа оди. Одеше барем на минутка, се слуша нејзиниот брат.
Во описот на видеото се наведува „Први чекори – 4 години и 10 месеци. Не можам да преточам во зборови како се чувствуваме“.
https://www.instagram.com/p/BktX1BBB2g_/?utm_source=ig_embed