Недостиг на огревно дрво пред самиот старт на грејната сезона

Сподели со своите пријатели

Пред стартот на грејната сезона во приватните складишта се помалку има огревно дрво, пишува порталот Фактор. Продавачите, иако не сакаат  да зборуваат јавно, сепак велат дека на терен постои реален проблем, и се јавува недостиг на дрва за греење. Сепак, велат дека ситуацијата ќе се стабилизира и дека можеби со задоцнување, но дрва ќе има во доволни количини, бидејќи се прави увоз од Србија и од Албанија.

Loading...

Како една од причините за недостиг на дрва се посочуваат токму засилените акции на МВР против нелегалните дрвосечачи, од кои голем дел од граѓаните и досега набавувале огревно дрво. Сега, откако контролите се засилени, крадците на дрва потешко можат да стигнат до нелегална сеча и со самото тоа граѓните мораат да набават огревно дрво, кое е легално исечено или увезено, затоа и побарувачката е зголемена на приватните скалдишта и складиштата на Македонски шуми.

Сепак, на недостигот на дрва на пазарот од Македонски шуми посочуваат дека влијаеле и други фактори.

„Свесни за состојбата што се случува во моментот, како Јавно претпријатие ги интензивиравме сите наши ресурси и ќе ги интензивираме и во иднина за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Она што можам да го кажам дека оваа година има значително зголемена побарувачка на огревно дрво, а за тоа влијаат многу фактори. Можеби е нашата цена која девет години не е променета и е стимулација за повеќе граѓани да се определуваат да се греат на дрво, а од друга страна, пак, понудата на пазарот е значително намалена и на некој начин дојде притисокот врз

„Македонски шуми“ да го снабди граѓанството. Со оглед на тоа дека сме јавно претпријатие, наша обврска е тоа и да го направиме., вели Жарко Караџовски, директор на Македонски шуми.

Караџовски појаснува и дека од тие причини на седницата на Владата било разговарано да се изнајде некој начин и Владата со своите ресурси за да и помогне на „Македонски шуми“ во овој период да се интензивира производството и продажбата со цел да им се излезе на сите граѓани во пресрет на грејната сезона.

Сепак, засега нема одговор на кој начин Владата ќе му помогне на Македонски шуми да го зголеми производството на огревно дрво, односно единствената информација е дека ќе се бара дополнителна механизација и теренски возила.

Во Македонски шуми, цената за кубен метар буково, односно дабово дрво со се превоз, чини од 2.500 денари, до 2.600 денари. Додека во приватните скалишта цената достигнува до 3.700 денари.

Loading...