Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и од 50 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу -4 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне шест степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме исто така претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални осум степени целзиусови.
Во среда ќе имаме облачно време со слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -2 степени, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови.
Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе надминува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 4, а максималната дневна до 12 степени целзиусови.
И во петок ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и умерен до засилен ветер од север, кој ќе надминува 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максималната дневна ќе се искачи до 12 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме претежно сончево и потопло време со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од северозападен правец со брзина од над 40 километри на час. Температурите ќе бидат во интервал од минимални 4 до максимални 18 степени целзиусови.
Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе биде времето во недела. Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 6, а максималната дневна ќе се искачи до 19 степени целзиусови.
Од следната работна недела температурите ќе надминуваат 20 степени.
Никола Ивановски