Неделна прогноза за Куманово: Утринските температури во минус, пад и кај дневните

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно со повремен слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и посвежо време.

Ќе дува умерен до умерено засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина и  над 40 километри на час.

Loading...

Максималната температура ќе достигне 7 степени целзиусови, но во текот на ноќта се очекува да падне три степени под нулата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска делови на кумановско

 

 

Утре ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -4 степени, а максималната дневна ќе достигне пет степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални -3 до максимални 5 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме сончево и ведро небо. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу -3 степени, а максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во петок ќе имаме облачно време со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи во интервал до минимални -1 до максимални 6 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска делови на кумановско

Облачно време ќе се задржи и во сабота. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. температурата во утринските часови ќе се движи околу -2 степени, а дневниот максимум ќе достигне 8 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во недела, кога ќе дува  слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 8 степени.

 

 

Loading...

И следната работна недела ќе се задржи слична временска состојба.

Никола Ивановски