Неделна прогноза за Куманово: Температури и до -9 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони.

 

 

Во Куманово и околината денот започна со врнежи од снег во утринските часови.

Се очекува да бидат краткотрајни врнежите, по што во текот на денот ќе имаме облачно време.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  НУЦК „Трајко Прокопиев“ најавува богата културна програма за 2025 година (ВИДЕО)

Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу чети ри степени под нулата, додека максималната дневна температура ќе се искачи само едне степен во позитива.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. температурата во утринските часови ќе се движи околу -5 степени, а максималната дневна ќе достигне четири степени целзиусови.

Во среда ќе имаме сончево и суво време. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од утрински -9 до максимални 3 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетнички од Куманово нападнале и ограбиле врснички

Сончево време ќе имаме и во четврток, кога ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Темпрературата во утринските часови ќе се движи околу -9 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 5 степени целзиусови.

Loading...

 

 

И во петок ќе се задржи суво и сончево време. Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер, а температурата ќе биде во интервал од -6 до 6 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу пет степени под нулата, а дневниот максимум ќе достигне шест степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда, тешко е повреден

Во текот на ноќта кон недела, се очекуваат врнежи од снег.

Недела носи претежно облачно, но суво време. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а температурата ќе биде во интервал од -4 степени во утринските часови, до максимални 10 во текот на денот.

 

Loading...

 

Следната недела се очекува максималните температури да бидат двоцифрени.

Никола Ивановски