Неделна прогноза за Куманово: Раст на температурите, па снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималанта дневна ќе достигне 6 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се шетал со ножеви, полицијата го привела

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и значително потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а максимлната дневна ќе достигне високи 12 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме променливо време со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу -1, а максималната до 11 степени целзиусови.

Сончево време ќе имаме и во четврток. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе биде во интервал од -1 до 10 степени целзиусови.

Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во петок, кога ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна ќе достигне осум степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово, полицијата му пронашла пиротехника

 

 

Ноќта кон сабота се очекуваат врнежи од дожд.

Во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до -5 степени, а максималната дневна ќе достигне само три степени целзиусови.

Сончево и ведро небо ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални -5, до максимални 3 степени целзиусови.

 

Loading...

Никола Ивановски