НЕДЕЛНА ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Продолжуваат врнежите од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне од западните кон централните делови ќе се прошири повремен дожд, на планините снег.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 8 до 15 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 4 степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

Loading...

 

Облачно време со врнежи од дожд и утре ќе имаме во кумановско. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

Променливо облачно со комбинација и од дожд и од сонце ќе биде времето во среда. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен, односно југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 8 степени во утринските часови до максимални 19 во текот на денот.

Во четврток ќе имаме повторно зголемување на облачноста и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме ли температури над 20 степени?

 

 

Loading...

Во петок се очекува да престанат врнежите. Ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југозапад. Температурата ќе се движи од шест степени во утринските часови до максимални 20 степени целзиусови во текот на денот.

Сабота носи сончево и ведро време. Ќе дува сосема слаб ветер од западен, односно југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шестиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне и до 23 степени целзиусови.

Сепак недела носи повторно променливо време, сончево до умерено облачно и со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  42 возачи казнети изминатиот викенд во Куманово

 

 

Следната работна недела се очекува стабилна временска состојба и раст на температурите.

Никола Ивановски

Loading...